Манастирот е сместен во источните падини на Илиница, огранок на Бигла на само 3 км од познатиот Слепченски манастир. До него води тампониран пат.
Манастирот е возобновен во средината на XX век врз остатоците од истоимената црква и некропола од средниот век. Манастирската црква е посветена на Пресвета Богородица Балаклија. Манастирот е идеален за ловен туризам, затоа кај населението е познат како манастир на ловџиите и располага со сместувачки капацитети.
Според легендите, манастирот Добромирово е поврзан со војсководецот Добромир на Самоиловата војска. Во неговите конаци низ вековите свој одмор наоѓале и македонските самостојни владетели Добромир Хрс и Добромир Стрез. По нивното име манастирот го добило името „Добромирово“.
Слава на манастирот е Источен Петок, по Велигден и Илинден. Во непосредна близина на манастирскиот двор се подигнати нови конаци.
Слава на манастирот е петокот по Велигден.