До подобра општина, со навремено подмирување данок на имот!
Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.
Секој граѓанин-даночен обврзник треба да биде информиран дека со навремено подмируваме на данокот на имот, се полни директно општинскиот буџет, преку кој се овозможува реализирање на планираните јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој.
УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПП 50 НАЛОГ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
Доколку не сте добиле даночно решение, не ја знаете вашата состојба со подмирена даночна обврка или потребна ви е некоја друга информација пополнете ја следнава форма каде ќе наведете каква е вашата потреба при што во најскоро време телефонски или на маил ќе бидете контактирани од вработен, задолжено лице кое ќе одговори на вашето барање.
КОНТАКТ ФОРМА ЗА БАРАЊЕ ИНФОРМАЦИЈА ИЛИ ДАНОЧНО РЕШЕНИЕ ЗА ВАШИОТ ИМОТ