Вкусна домашна зимница, зачини, чаеви и свежи плодови од демирхисарскиот крај.
Креатор на Моја бавча е Александра Лозановска од Демир Хисар.
Со готвење се занимава од многу одамна, а усовршувањето ја поттикнало да ги прошири своите хоризонти и да понуди нешто кое ќе привлече повеќе гости во своето родно место. Веќе три години е активен член на „Slow Food“, а освен подготовка на зимница, нејзината работа започнала да се развива и во друг правец кој вклучува презентирање на процесот на одгледување продукти во бавча, нивна подготовка па се до краен готов производ.
Една туристичка посета на „Моја Бавча“ најчесто трае од 3-4 часа. Започнува наутро, околу 8 часот наутро, кога заедно целата група ја посетува бавчата на домаќините што се наоѓа на 5 километри од семејната куќа на Александра.
Посетителите имаат можност да видат како се одгледуваат засадените овошја и зеленчук, имаат можност сами да си наберат сѐ што им е по ќеф, да поставуваат прашања околу начинот на одгледување итн, а има и друга можност а тоа е да си наберат плодови од мини-бавчата што се наоѓа во дворот на Александра. Главниот дел од оваа дружба се одвива во семејниот двор, каде што на почеток посетителите се пречекуваат со свежи домашни пијалаци. Се одвива кратка презентација со слики за тоа како од едно мало семе доаѓаме до големи продукти, ставени на нашата трпеза, спремни за јадење, како и презентација за тоа како од тутунот – растение се доаѓа до цигара, која што може и да се проба. Додека Алакесандра им приготвува свежи салати, макала и сл. од веќе набраните овошја и зеленчуци од бавчата, гостите можат да дегустираат од благата и солената зимница, да вкусат од домашните питулици, лепче и зелник печени во фурна, чипс од пиперки, да се напијат од домашните пијалаци и да ја разгледуваат мини бавчичката во дворот. Оваа дружба завршува со наполнети и задоволни стомаци на посетителите, а си добиваат и по некој мал подарок.
Контакт:
Александра Лозановска 075 336 769
https://www.facebook.com/mojabavca/https://www.instagram.com/moja_bavca/