Центар за култура и рекреација Еригон
Располага со 5 соби со 14 единечни кревети.
Собите се опремени со постелнина, пешкир и крпа за лице. Тоалетите се заеднички.
Има заедничка кујна, опремена со фрижидер и електричен шпорет.
Wi-Fi се уште нема.
Објектот има јавен паркинг простор.
Максимален капацитет за 14 гости + можност за кампување во шатор во сцената на отворено.
Соседството е мирно. Мештаните излезени од романите на Петре М. Андреевски, питоми и комуникативни. Ќе ви раскажат безброј приказни за Петре.
Check in: 13:00- 21:00
Check out: 11:00
Клучот се подига од домаќинот на објектот.
Доколку гостите останат подолго од 7 дена се менува постелнината и пешкирите.
Сместувањето дозволува влез на домашни миленици и има простор за остава на велосипеди внатре.
Контакт за резервации: +38970282340
Локација: Објектот се наоѓа на сретсело во Слоештица, Демир Хисар, неколку километри од магистралниот пат Кичево-Демир Хисар. (Google Maps)
Е-пошта: erigon.dh@gmail.com