Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Мултифункционален Центар Слоештица

Центар за култура и рекреација Еригон

Располага со 5 соби со 14 единечни кревети.
Собите се опремени со постелнина, пешкир и крпа за лице. Тоалетите се заеднички.
Има заедничка кујна, опремена со фрижидер и електричен шпорет.

Wi-Fi се уште нема.

Објектот има јавен паркинг простор.

Максимален капацитет за 14 гости + можност за кампување во шатор во сцената на отворено.

Соседството е мирно. Мештаните излезени од романите на Петре М. Андреевски, питоми и комуникативни. Ќе ви раскажат безброј приказни за Петре.

Check in: 13:00- 21:00
Check out: 11:00

Клучот се подига од домаќинот на објектот.

Доколку гостите останат подолго од 7 дена се менува постелнината и пешкирите.

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици и има простор за остава на велосипеди внатре.

Контакт за резервации: +38970282340

Локација: Објектот се наоѓа на сретсело во Слоештица, Демир Хисар, неколку километри од магистралниот пат Кичево-Демир Хисар. (Google Maps)

Е-пошта: erigon.dh@gmail.com

Facebook: erigon.dh

Skip to content