ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Национален фолклорен фестивал “Велигденски фолклорни средби”, Демир Хисар, 13.04.2025 година (недела)

На 13.04.2025 година (недела) со почеток во 12 часот на Градскиот плоштад во Демир Хисар ќе се одржи осмото издание на Националниот фолклорен фестивал “Велигденски фолклорни средби”.

На овогодинешното издание на фестивалот ќе настапат:

💠 КУД “Илинден” Демир Хисар

💠 КУД “Рацин” Кичево

💠 ЗФА “Копачка” Драмче – Делчево

💠 КУД “Мирка Гинова” Демир Капија

💠 КУД “Илинден” Битола

💠 КУД “7-ми Септември” Македонски Брод

💠 КУД “Брвеница” Брвеница

💠 ФА “Гоце Делчев” Битола

Фестивалот е во организација на Домот на културата “Илинден” Демир Хисар, под покровителство на Градоначалникот на Општина Демир Хисар и е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам на Р.С.Македонија како проект од национален интерес во културата за 2025 година.

Skip to content