ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Нова градежна машина за Општина Демир Хисар

Во Општина Демир Хисар беше испорачана новата градежна машина – ровокопач со утоварна корпа, со која значително ги зајакнуваме капацитетите на ЈКП „Комуналец“ и Општина Демир Хисар.

Новата механизација ќе овозможи побрзи интервенции на терен, поефикасно извршување на комуналните услуги и подобри услови за работа.

Вкупната вредност на проектот изнесува 5.215.600 денари, од кои 3.500.000 денари се обезбедени преку Министерството за локална самоуправа, а 1.715.600 денари се кофинансирање од Општина Демир Хисар.

Благодарност до Министерството за локална самоуправа за поддршката и успешната соработка.

Продолжуваме со модернизација и создавање подобри услови за сите граѓани на Општина Демир Хисар. 🇲🇰