НАДЛЕЖНОСТИ НА ОДДЕЛЕНИЕТО
– ги врши работите околу планирање и реализирање на локалниот економски развој; – развојот на мали и средни претпријатија; – развојот на земјоделство, занаетчиство, угостителство , туризам и друго; – прибира, обработува и создава база на податоци за вкупните стопански движења, движења по дејности; – утврдува база на податоци за имотот со кој располага општината; – база на податоци за природните ресурси со кој располага општината; – остварува соработка со невладини организации; – се грижи за обезбедување на донации од домашни и старнски извори; – соработува со Месни заедници; – ја следи и организира мрежата на основното образование; – го спроведува администрирањето со основното и средно образование; – го организира превозот, исхрана и сместување на ученици; – се грижи за развојот на мрежата на културни установи, негување на фолклорот, обичаите и старите занаети; – помага во организирање на културни манифестации и поттикнување на творештвото; – се грижи за социјална заштита и заштита на децата, социјална заштита за инвалидни лица, деца без родители, деца со воспитни проблеми, со посебни проблеми, лица засегнати со дрога и алкохол; – го остварува правото на воспитание на деца од предучилишна возраст, управува со мрежата на јавно здравство и објекти од примарна здравствена заштита, – обезбедува застапеност во одборите во здравствената организација во делот од јавното здравство; – се грижи за унапредување на здравството; – се грижи за спортот и рекреацијата, помага во организирање на спортски манифестации, одржување и изградба на спортски објекти, поддршка во спортските сојузи како и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот. |
ЛИСТА НА УСЛУГИ НА ОДДЕЛЕНИЕТО: https://demirhisar.gov.mk/registar-na-uslugi/