Раководител: Игор Дамјаноски
Телефон/факс: (+389) (0)47 552 661
НАДЛЕЖНОСТИ НА ОДДЕЛЕНИЕТО
– правилна примена на законските и подзаконските акти од областа на човечките ресурси; -управување со човечките ресурси и спроведување на надлежности во следните функционални области: развој на органот, информативен систем за човечки ресурси, односи меѓу вработените, обука и развој, мотивација, организациски развој, селекција, вработување, стручно усовршување и оценување на административните службеници, грижа за постојан развој на квалитетот и професионалноста на административните службеници во органот; – грижа за примената, утврдување и оценување на усогласеноста на работењето со законите, подзаконските и актите на органите на општината од областа на човечките ресурси вклучувајќи ги оние поврзани со правичната застапеност на заедниците; – остварување на редовна комуникација и соработка со другите одделениеја за човечки ресурси од органите на управата со цел откривање на човечки потенцијали и дава предлог за вработување без јавен оглас од еден во друг орган; – учествува во спроведувањето на организацискиот развој на органот кој ги адресира прашањата на планирање, развој на вработените, задржување на вработените, управување со промените, обука на вработените; – следење на развојот на организациската култура во органот; – соработка и советување со другите раководители за прашања од областа на управувањето со човечките ресурси; – изработување на Предлог-Правилник за внатрешна организација на Општина Демир Хисар и Предлог- Правилникот за систематизација на работните места во Општина Демир Хисар; – подготовка на образците за оценување на административни службеници во општинската администрација; – спроведување на анализа за потреба од обука на административни службеници; – изработување на нацрт-Годишна програма за обука на административни службеници; – следење на примената на Кодексот на административни службеници и по потреба изработува извештаи; – соработува со Министерство за информатичко опшество и администрација и Агенција за администрација во однос на сите прашања поврзани со Закон за административни службеници и Закон за вработените во јавниот сектор (работни односи, обуки, оценување и др.), – водење и ажурирање на електронската база на податоци за вработените и персоналните досиеја на сите вработени во општинската администрација, одржување на базата на податоци за администраивни службеници и доставување на известувања за настанатите промени во Регистарот на административни службеници; – и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност во согласност со законите и другите прописи. |
ЛИСТА НА УСЛУГИ НА ОДДЕЛЕНИЕТО: https://demirhisar.gov.mk/registar-na-uslugi/