Раководител: Валентина Павловска
Телефон/факс: (+389) (0)47 552 661
НАДЛЕЖНОСТИ НА ОДДЕЛЕНИЕТО:
– вршење на внатрешна ревизија, согласно со закон и со системот и процедурите за внатрешна ревизија воспоставени од Општината согласно со меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната ревизија прифатени од Министерството за финансии; – подготвување на годишен план за внатрешна ревизија и по одобрувањето од Градоначалникот на општината, го обезбедува неговото спроведување и следење; – доставување на извештаи за извршената внатрешна ревизија до Градоначалникот и Советот на општината; – подготвување на квартални и годишни извештаи за работењето на внатрешна ревизија; – процена на усогласеност на работењето на субјектот во согласност со законите, подзаконските, интерните акти и договори; – темелна процена на функционирањето на системот за внатрешна контрола; – оценување на значајните фактори на ризик и давање совети на раководителот на субјектот за намалување на факторите за ризик; -процена на соодветноста, економичноста, ефективноста и ефикасноста на системот за финансиско управување и контрола за утврдување, процена и управување со ризиците; – давање препораки за подобрување на работењето и работните процедури на субјектот, изготвување и донесување на стратешки и годишен план за внатрешна ревизија врз основа на објективна проценка на ризик, извршување на поединечни внатрешни ревизии согласно со усвоените ревизорски планови и следење на нивното спроведување; – изготвување на упатство за работа и повелба за внатрешна ревизија; – известување до раководителот на субјектот и лицето задолжено за неправилности, за неправилности или сомнежи за измама или корупција, кои можат да резултираат со кривична, прекршочна или дисциплинска постапка; – оценување на значајните фактори на ризик и давање совети на Градоначалникот на Општината за намалување на факторите на ризик; – врз основа на анализи од работењето, утврдувањето и оценување на економичноста, ефикасноста во работењето на системот за финансиско управување и контрола и дава препораки за подобрување на работењето на општинската администрација; – следење и проверување на точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи; – утврдување и оценување на усогласеноста на работењето со законите, подзаконските и актите на органите на општината; – и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност во согласност со законите и другите прописи. |
ДОКУМЕНТИ ОД НАДЛЕЖНОСТ НА ОДДЕЛЕНИЕТО: https://demirhisar.gov.mk/dokumenti/revizorski-izveshtai/