ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Општина Демир Хисар е водечка општина според интензитетот на даночна транспарентност за 2024-2025 година!

Според истражувањето на Центарот за економски анализи од Скопје и објавениот извештај за Фискална транспарентност кај општините-буџетска и даночна транспарентност, Општина Демир Хисар е водечка општина според интензитетот на даночна транспарентност за 2024-2025 година и е во групата на општини кои се издвојуваат како даночно најтранспарентни. Ова претставува уште една потврда за позитивните резултати кои подолг период наназад ги остварува општинската администрација а посебна сатисфакција за вработените во одделенијата за финансиски прашања и внатрешна ревизија на Општина Демир Хисар.
Линк до целосниот документот на Центарот за економски анализи:

ФИСКАЛНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ КАЈ ОПШТИНИТЕ (Буџетска и даночна транспарентност)