Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ЕТНО РЕСТОРАН ВИЛА ГОРНА КУЌА

Почитувани љубители на добрата храна, ценети гости и драги пријатели,

Преку оваа содржајна, односно интегрална презентација за ресторан „Вила Горна Куќаˮ, сакаме да ја доближиме до Вас, но и оргинално и вистински да Ви ја претставиме нашата понуда која вклучува широк спектар на можности кои, несомнено и исклучиво, укажува на промена на преференциите на туристите, како и  пронаоѓање на духовен мир и вистинско уживање.

Свежиот воздух, уникатната местоположба, како и недопрената природа, нема да ве остават рамнодушни, нема да Ве остават да не оддолеете на предностите на мајката природа и на квалитетната традиционална храна подготвена на автентичен начин од вештите раце на нашите професионалци кои со голема љубов и максимална посветеност прават сè, за да им удоволат на нашите гости и посетители, ширум регионот, но и ширум државата.

Првенствено, главното наше мото гласи: „Храна, традиција и квалитет на едно место, отвораме можности – создаваме нови шанси. Ваше е да уживате, а останатото е на нас! ˮ

Тргнувајќи од оваа појдовна точка која го дескриптира нашиот ресторан кој, изобилува не само со природна поволност, бидејќи во непосредна близина се наоѓа и манастирот Свети Јован Претеча, село Слепче со долга и голема историска традиција, туку, како што ѝ напоменавме, изобилува со квалитет, а не квантитет! – а, тоа може да го проверите, а, меѓу другото и да се уверите доколку го посетите нашиот ресторан и ја вкусите нашата богата понуда составена од разноразна автентична храна и пијалоци по Ваш избор, секако, адаптирана и прилагодена согласно временскиот период.

Преку колаж на фотографии ќе се обидеме да презентираме, односно на тој начин се надеваме дека ќе допреме до Вас, преку несекојдневниот амбиент кој преовладува во комбинација со природниот колоритен пејсаж и хармонијата која кореспондира помеѓу персоналот и ценетите наши гости и посетители.

Тоа низ две години опстојба на ресторанот, се покажало, но и докажало, затоа што нашиот ресторан е континуирано посетен од гости, во сите годишни времина, не само од Демихисарско и околината, туку и од пошироко, како и од нашите пријатели од дијаспората кои, претежно, повеќе престојуваат тука во Македонија во текот на летниот период.

Оние кои ја имале првата средба со ресторан „Вила Горна Куќаˮ, засекогаш останале нејзини љубители на добрата храна – гурманството, но и силно вљубени во вкусот и мирсот на македонската и демирхисарската традиција!

Локација: (Google Maps)
Телефон за контакт: +389 (0)75 375 959, +389 (0)73 444 999
Инстаграм: линк
Facebook page: линк
Skip to content