Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

.

Почитувани,

Сакаме да Ве информираме, а во пресрет на големиот христијански празник „Василица“ или „Православна Нова Година“, кога се празнува св. Василиј Велики, традиционално во демирхисарско кога се одбележува на 13. јануари, оваа година во четврток, вечерта, преку василичарски огнови, со песни и ора и подготвувањето на мазници со паричка.

.

Сите кои палат василичарски огнови на повеќето локации на територијата во градот Демир Хисар, треба да поднесат Барање адресирано до просториите на Општина Демир Хисар или да се јават на службениот телефон: 047/552/661 и да ги пријават своите огнови, а при тоа, Општина Демир Хисар во соработка со Јавно Претпријатие Национални Шуми – Подружница ШС „БИГЛА“, Демир Хисар ќе извршат достава на дрва на сите регистрирани огнови во градот Демир Хисар.

.

Ве замолуваме огновите да ги пријавите најдоцна до утре, 12.1.2022 год., среда, до 16 часот.

Нека е благословен и за многу години да е празникот „Василица!“

.

Со почит,
Општина Демир Хисар

Skip to content