ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Спомен парк на Даме Груев

Дамјан Јованов Груев (роден во село Смилево на19 јануари 1871 а починат во село Русиново, на 23 декември1906) бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, еден од основачите на Македонската револуционерна организација, претседател на Смилевскиот конгрес, раководител на Илинденското востание и член на Главниот штаб на Битолскиот револуционерен округ. Споменикот на Даме Груев со спомен-парк, изграден е во 1963 година во селото Смилево, Општина Демир Хисар. Се наоѓа веднаш над селото по патот што поминува покрај Меморијалниот музеј на Смилевскиот конгрес. На смилевскот средсело се наоѓаат споменикот на паднатите Илинденци, спомен костурницата на Даме Груев и мермерна плоча во спомен на учесниците во НОБ.

Локација: село Смилево, Демир Хисар

Skip to content