Во рамките на Мултифункционален Центар во Слоештица, кој е пред скоро време реновиран, има и Меморијална поставка во чест на Петре М. Андреевски.
Тука ќе се запознаете и со неговиот богат живот, и со неговата родна Слоештица, Демир Хисар, и со детството, и со младоста, ќе дознаете кои биле неговите најдобри пријатели, од каде ја црпел инспирацијата, што читал како дете, но и кои таленти ги криел. Објектот се наоѓа на сретсело во Слоештица, Демир Хисар, неколку километри од магистралниот пат Кичево-Демир Хисар.


















Контакт: Здружение за култура и рекреација МОЕ РОДНО МЕСТО Скопје
Телефон: +389 (0)75 838 868 (Михаил)
Локација: Објектот се наоѓа на сретсело во Слоештица, Демир Хисар, неколку километри од магистралниот пат Кичево-Демир Хисар. (Google Maps)
Е-пошта: rodenkrajmoj@gmail.com