По повод празникот „Втори Септември“ денот на ослободувањето на Демир Хисар Советот и Градоначалникот на општина Демир Хисар Ве покануваат
НА СВЕЧЕНА СЕДНИЦА
на 02.09.2026 година (среда) со почеток во 10.00 часот во фоајето во Дом на култура „Илинден“ Демир Хисар
ПРОГРАМА
- 09:30 часот Полагање на цвеќе на Спомен обележје на Стојан Лазаровски и споменикот на незнајниот борец во градскиот парк во Демир Хисар
- 10:00 часот Свечена седница: Обраќање на Градоначалникот на општина Демир Хисар, г-дин Никола Најдовски.
Се покануваат заинтересираните граѓани да присуствуваат на полагање на цвеќе и на свечената седница.
| Совет на Општина Демир Хисар | Градоначалник на Општина Демир Хисар |




