Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Во посета на Општина Демир Хисар, генералниот секретар на Црвен Крст

Градоначалникот Никола Најдовски во неговиот работен кабинет оствари средба со генералниот секретар на Црвен крст на Р. Македонија, д-р Саит Саити, а во рамки на проектот ПХВ – промоција на хумани вредности, каде што се разговараше за идни нови проекти коишто се изработуваат во интерес на општествената заедница.

Саити ја поздрави агилноста, ажурноста и тимското работење од страна на ОО Црвениот крст на Демир Хисар и ја поздрави и потенцираше важноста и поддршката од градоначалникот и Општина Демир Хисар во спроведување на сите програмски активности, односно афирмацијата на хуманите вредности и иницијативи.

Согласно утврдена Агенда, градоначалникот Најдовски и генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, присуствуаа на натпреварот во футсал помеѓу средношколци од СОУ „Крсте П. Мисирков“ и Спортска академија на ФФМ во Битола за деца од средношколска возраст кој се одржа во спортската сала „Јордан Пиперката“ во Демир Хисар.

Skip to content