ДЕМИРХИСАРСКО КУЛТУРНО ЛЕТО, 2026
– Демир Хисар повторно ќе живее во ритамот на рок-музиката

Почитувани,
Со особена чест и задоволство го најавуваме единаесеттото издание на „РОК ХЕПЕНИНГ – ДЕМИР ХИСАР, 2026“, музичка манифестација која низ годините прерасна во препознатлив, традиционален и култен настан во културниот живот на Демир Хисар.
На 14 август 2026 година (петок), со почеток во 21:00 часот, Градскиот плоштад во Демир Хисар ќе биде центар на музичките случувања и место на кое ќе се соберат љубителите на квалитетната музика од Демир Хисар, регионот и цела Македонија.
Оваа година ве очекува моќна музичка вечер со настапите на:
– ИГОР ЏАМБАЗОВ & ГУРУ ХАРЕ БЕНД – еден од најпознатите македонски шоумени и автори, со својот препознатлив сценски настап и енергија;
– ГРОМ – култната битолска рок-група, добро позната на љубителите на македонската рок-сцена;
– REVELATION – нашите домаќини, демирхисарскиот бенд кој со својата музика и настап ќе ја заокружи оваа голема рок-вечер.
Ова не е само концерт. Ова е традиција, енергија, дружење и празник на музиката!
Ве повикуваме сите – љубителите на рок-музиката, младите, семејствата, нашите сограѓани и сите гости од земјава – да бидете дел од оваа голема музичка и културна манифестација и заедно да создадеме уште една незаборавна рок-вечер во Демир Хисар.
Музичката манифестација XI. РОК ХЕПЕНИНГ – ДЕМИР ХИСАР 2026 е во организација на Домот на културата „Илинден“ – Демир Хисар, а со поддршка од Министерството за култура и туризам и Општина Демир Хисар.
Демир Хисар Ве очекува!




