Skip to content
Уреди ги поставките за согласност

Ние користиме колачиња за да ви помогнеме ефикасно да се движите и да извршувате одредени функции. Подолу ќе најдете детални информации за сите колачиња во секоја категорија на согласност.

Колачињата кои се категоризирани како „Неопходни“ се зачувани на вашиот прелистувач бидејќи се неопходни за овозможување на основните функционалности на страницата.... 

Секогаш активни

Неопходни колачиња се потребни за да се овозможат основните карактеристики на оваа страница, како што се обезбедување безбедно најавување или прилагодување на вашите поставки за согласност. Овие колачиња не складираат никакви лични податоци за идентификација.

Нема колачиња за прикажување.

Функционалните колачиња помагаат во извршувањето на одредени функционалности како што се споделување на содржината на веб-страницата на платформите на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други функции од трети страни.

 

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за аналитика се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за метрика како што се бројот на посетители, стапката на отскокнување, изворот на сообраќај итн.

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за перформанси на веб-страницата, што помага во обезбедувањето подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за рекламирање се користат за да им се обезбедат на посетителите приспособени реклами врз основа на страниците што сте ги посетиле претходно и да се анализира ефективноста на рекламните кампањи.

Нема колачиња за прикажување.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ЈАВЕН КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ДИРЕКТОР НА ЈП ДЕХИ ТРАНС ДЕМИР ХИСАР

Врз основа на член 50, став 1, точка 9 од Законот за локална самоурава („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), член 19-а и член 23 став 4 од  Законот за јавните претпријатија Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и  „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22 и 274/22), а во врска со Одлуката за распишување на Јавен Конкурс за избор на Директор на Јавното претпријатие ДЕХИ ТРАНС Демир Хисар  бр.08-160/1 од 10.02.2025 година, Градоначалникот на Општина Демир Хисар,  распишува:

ЈАВЕН КОНКУРС

за избор на директор на Јавното претпријатие ДЕХИ ТРАНС Демир Хисар

Се распишува јавен конкурс  за избор на директор на Јавното претпријатие ДЕХИ ТРАНС Демир Хисар.

Покрај општите условите, треба да се исполнуваат и условите утврдени со Законот за јавните претпријатија:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,
  • Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  • Има минимум пет години работно искуство,
  • Поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа: ТОЕФЕЛИБТ (TOEFL iBT) – најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) –најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English: Legal) –најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English: First) –положен, БУЛАТС (BULATS) –најмалку 60 бода или АПТИС (АPTIS) –најмалку ниво Б2 (B2).

Со пријавата, кандидатите треба да приложат:

  • Уверение за државјанство;
  • Оригинал или заверен препис на диплома за завршена стручна подготовка,
  • Доказ за минимум пет години работно искуство,
  • Кратка биографија-CV,
  • Сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години,
  • Лекарско уверение за општа здравствена способност од здравствена организација од примарната заштита која врши дејност медицина на трудот,
  • Потврда од надлежен орган дека не му е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност;

Јавниот конкурс ќе трае 5 (пет) дена од денот на објавувањето.

Секој заинтересиран кандидат потребно е да достави пријава  и документи во оригинал или заверени на нотар, како доказ за исполнување на горенаведените услови.

Пријавата може да се подигне од Општина Демир Хисар (Одделение за управување со човечки ресурси) или од веб страницата на Општина Демир Хисар (https://demirhisar.gov.mk/kategorija/oglasi/).

Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок и пријавите што не ги содржат бараните документи ќе се сметаат како неблаговремени односно некомплетни и истите нема да се разгледуваат.

Пријавата со потребната документација се доставува до aрхивата на Општина Демир Хисар или преку пошта на адреса ул.„Битолска“ бр.8 со назнака: “За Јавен Конкурс  за избор на директор на Јавното претпријатие ДЕХИ ТРАНС Демир Хисар“.

Пристигнатите документи по јавниот конкурс  ќе ги прегледува три члена комисија формирана од Градоначалникот на Општина Демир Хисар и во рок од 8 (осум) дена по истекот на рокот на конкурсот целокупната документација ја доставува до Градоначалникот, кој во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на доставувањето на документацијата донесува Одлука за избор на директор на јавното претпријатие.

Градоначалникот го задржува правото кандидатите со уредни пријави да ги интервјуира.

Известувањето за извршениот избор до кандидатите ќе се достави во рок од 5 (пет) дена од денот на донесувањето на Одлуката за избор.

Со избраното лице ќе биде склучен договор со кој ќе бидат регулирани правата, одговорностите и овластувања согласно со закон.

Директорот на ЈП ДЕХИ ТРАНС Демир Хисар се избира со мандат од (четири) години.

Општина Демир Хисар

Градоначалник

Никола Најдовски