Од 1 јули до 31 август важи целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“. Забраната се воведува поради зголемен ризик од пожари на отворен простор и важи 24 часа дневно.
Исклучок ќе има само за лица со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“.
За непочитување, физички лица ќе се соочат со парични казни од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност. Од забраната се исклучени вработените во надлежните институции, како и овластени субјекти што вршат шумарски активности или имаат писмено одобрение.
Апелираме до надлежните институции посебно МВР да ги зголемат контролите на територијата на општината а посебно внимание да посветат на градската депонија.
Почитувани сограѓани апел и до вас за придржување кон овие превентивни мерки а доколку забележите неодговорно однесување на поединци кое може да доведе до пожар, веднаш да ја информирате МВР ПС ОН Демир Хисар или да пријавите на телефонскиот број за итни случаи 112.




