ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Дневен ред Вонредна седница на Советот на Општина Демир Хисар

Врз основа на член 40 од Законот за локална самоуправа(,,Сл.весник на Р.М”бр.5/02), член 61 од Статутот на Општина Демир Хисар(„Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19,7/21 и 21/23), како и член 52 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02), донесувам:

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување на  Вонредна седница на Советот на Општина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на ден  24.02.2026 година (вторник) со почеток во 12 часот во салата за состаноци во Домот на пензионери Демир Хисар

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Одлука за давање согласност за обезбедени средства како сопствено учество за реализација на проектот Зголемување на капацитетите на ЈКП „Комуналец“ и Општината Демир Хисар за давање на комунални услуги преку набавка на градежна машина.
  2. Предлог Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко планска документација.
  3. Предлози и прашања

Ве молиме за задолжително присуство, а за евентуално отсуство јавете се на телефините 047 552-661 и 076 359 831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на Совет на телефон 075 387 723.

Бр.17-  228/1Совет на општина Демир Хисар
23.02.2026 годинаПретседател,
Демир ХисарНикола Дранговски