Почитувани,
На 05.04.2026 година (недела) на големиот христијански празник Цветници на Градскиот плоштад во Демир Хисар со почеток во 12 часот ќе се одржи 9-тото издание на Националниот фолклорен фестивал “Велигденски фолклорни средби”.
На овогодинешното издание на фестивалот учество ќе земат:
- КУД “Илинден” од Демир Хисар,
- КУД “Илинден” од Битола,
- КУД “Таше Милошевски” од Ресен,
- КУД “Бисер” од Кичево,
- КУД “7-ми Септември” од Македонски брод,
- АТМИ “Митко Алексов” од Кочани и
- Здружение на пензионери од Демир Хисар.
Фестивалот е во организација на Домот на културата “Илинден” Демир Хисар под покровителство на Општина Демир Хисар.





