ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Повик за доделување еднократна парична помош на семејствата кои имаат прваче во учебната 2026/2027 година на подрачјето на Општина Демир Хисар

Родителите на првачињата запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош во износ од 7.000,00 денари до архивата на Општина Демир Хисар од 27.08.2026 година до 10.09.2026 година.

Образецот-Барање може да се подигне во просториите на Општина Демир Хисар.

Во прилог на барањето е потребно да се достават следниве документи:

1. Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2026/2027 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Демир Хисар (потврдите од сите основни училишта ќе бидат во Општина Демир Хисар);

2. Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето);

3. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Демир Хисар;

4. Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа.

Превземи Барање:

27.08.2026 годинаОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР
Демир ХисарГрадоначалник
Никола Најдовски