ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА ИЗГРАДБА НА СОБОРЕН ХРАМ

Во просториите во Домот на пензионерите, односно во салата која е наменета за седници на Совет при Општина Демир Хисар, во саботата на ден 29.10.2022 година се одржа конструктивен состанок во поширок состав, а каде што беа произнесени предлог – идејни решенија и беше дискутирано за преземање сериозни чекори за отпочнување со реализација на проектот за изградба на соборен храм „Свети Кирил и Методиј“, Демир Хисар, со две точки на Дневен ред, и тоа: информирање за постапката за отворање на Жиро сметка на Иницијативниот одбор и преземање на активности за почеток на изградба на соборен храм „Св. Кирил и Методиј‟.

На состанок присуствуваа членови на Иницијативниот одбор и други присутни кои се одзваа на поканата, а кои имаат искрена и добра намера да помогнат околу активностите за отпочнување со изградбата. Исто така, активно учество како партиципиенти зедоа и претставници на политички субјекти, членови на Советот, пратеничката во Собранието на Р.С. Македонија, како и други општествени чинители и претставници од Бизнис секторот.

Целта на состанокот беше официјално да се дефинираат, зацртаат и утврдат активностите со конкретни предлози за идно функционирање на одборот и информирање на јавноста преку социјалните мрежи како многу есенцијална електронска платформа која ќе помогне да допре секоја информативна вест и спроведена активност до граѓаните, по однос отпочнување со реализацијата на проектот – изградба на соборен храм во Демир Хисар во градскиот парк.  

Skip to content