Во просториите на ресторан „Вила Горна Куќа“, с. Слепче, се одржа и реализира настан во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијагол во заедницата“, а во организација на Младински културен центар – Битола со поддршка од Меѓународниот центар „Олоф Палме“ од Шведска.
Целта на настанот како што напомена и модераторката беше да се зајакне и поддржи работата на ЛЕСС на Општина Демир Хисар, каде што се разви плодна и конструктивна дискусија од страна на учесниците, односно засегнатите страни кои беа присутни на работилницата која беше поделена и во групи, сè со цел да се направи приоритетна листа на проблеми и потреби на локално ниво кои се планира да бидат вклучени и инкорпорирани во програмата за работата на ЛЕСС, Демир Хисар за оваа 2023 година.
Градоначалникот Никола Најдовски, топло и срдечно ги поздрави сите учесници и изрази уште еднаш голема благодарност до организаторите и сите членови на ЛЕСС што со ваквиот интерактивен модел на работилници, непосредно се поттикнува и развива социјалниот дијалог помеѓу социјалните партнери и усогласувањето на нивните различни ставови и интереси на локално ниво, односно усогласување околу битни економско-социјални прашања од делокругот на локалната самоуправа, а што, всушност, се основа во остварувањето и имплементирањето на целите на ЛЕСС.
Најдовски, исто така, потенцираше дека, и понатаму локалната самоуправа несебично ќе ги поддржува сите програмски активности кои се составен дел од ЛЕСС и врз база на произнесените идеи, сугестии и предлози силно фокусирани, заеднички, согласно реалните потреби на граѓаните ќе се овомозможи до израз да дојдат ресурсниот потенцијал во процесот на креирање јавни политики, а со тоа и развој на локалната средина.
Учесниците беа поделени во групи и работеа во повеќе области кои ги опфаќа овој концепт на економско – социјален совет и, следствено на тоа, се презентираа резултатите од групната работа.
(ФОТО)