Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ВЕЛИГДЕНСКА ПРАЗНИЧНА ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА НАЈДОВСКИ

Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски, упати официјална честитка во негово лично име и во името на вработените во локалната самоуправа, а по повод големиот христијански празник, Велигден, а во која се вели:

.

„Почитувани православни верници,

Почитувани сограѓани,

.

Ви го честитам големиот христијански празник, Велигден, со најискрени желби за добро здравје, благодет, хармонија, радост, бериќет, семејна и општествена благосостојба, мирен духовен живот и пријатни мигови со Вашите најсакани.

Искреноста во Вашите срца да биде сеприсутна, бидејќи таа е основата на христијанската вера. Нека Воскресението Христово – Велигден ни даде сила и поттик придржувајќи се на темелните вредности на христијанството и негувајќи ги највозвишените човечки вредности – љубов, мир, разбирање и помагање, со надеж и верба, заеднички придонесеме за развој и просперитет на нашата убава општина.

.

Нека ни е честит и вековит празникот Велигден!

Нека е за многу години!

Христос воскресе, навистина воскресе!“

.

Ваш градоначалник,

Никола Најдовски

Skip to content