Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (,,Сл.весник на Р.М”бр.5/02), член 60 од Статутот на Општина Демир Хисар („Сл. Гласник на Општина ДемирХисар“ бр.3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19 и 7/21), како и член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Сл. Гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) се донесува:
.
.
РЕШЕНИЕ
За свикување на 20-та седница на Совет на Oпштина Демир Хисар
Седницата ќе се одржи на ден 27.02.2023 година (понеделник)
Со почеток во 10 часот во салата за состаноци во Домот на пензионери, Демир Хисар
.
– Усвојување на записиник од 19-та седница на Совет на Општина Демир Хисар;
– Усвојување на записник од вонредната седница одржана на 15.02.2023 година.
.
За седницата го предлагам следниот:
.
ДНЕВЕН РЕД
.
- Донесување на решение за избор на верификациона комисија.
- Решение за верификација на мандат на советник – член на Совет на Општина Демир Хисар.
- Донесување на решение за разрешување и именување на член во комисија за мандатни прашања, избори и именување.
- Донесување на решение за разрешување и именување на член во статутарно правна комисија.
- Донесување на решение за разрешување и именување на претседател во комисија за финансии и буџет.
- Донесување на решение за разрешување и именување на претседател во комисија за општествени дејности.
- Донесување на решение за разрешување и именување на член во партиципативното тело за урбанистичко планирање на Општина Демир Хисар.
- Усвојување на извештај за работата на полициската станица од општа надлежност, Демир Хисар во текот на 2022 година.
- Предлози и прашања.
.
Напомена: За верификација на мандат на советник задолжително да се носи уверение за избран советник издадено од ОИК Демир Хисар и документ за идентификација.
.
Бр.17-224/1 Совет на Општина Демир Хисар
20.2.2023 година Претседател
Демир Хисар Љупчо Најдовски с.р.