Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ДНЕВЕН РЕД ЗА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Врз основа на член 40 од Законот за локална самоуправа (,,Сл.весник на Р.М”бр.5/02), член 61 од Статутот на Општина Демир Хисар („Сл.гласник на Општина Демир Хисар“ бр.3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19 и 7/21) и член 52 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Сл.гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) се донесува:

.

РЕШЕНИЕ

За свикување на вонредна седница на Советот на Општина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на ден 15.02.2023 година (среда), со почеток во 10 часот

во кабинетот на градоначалникот на Општина Демир Хисар

.

За седницата го предлагам следниот:

.

ДНЕВЕН РЕД

.

  1. Разгледување на барање за престанок на функција од член на Совет, Александра Трајковска, и донесување на Решение за престанок на мандатот од член на Совет на Општина Демир Хисар.
  2. Донесување на Одлука за финансиска помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Република Турција и Република Сирија.
  3. Донесување на Одлука за обезбедување на финансиски средства за санација на дел од водоводна мрежа во с.Слепче.
  4. Донесување на Одлука за дополнување на програмата за донесување на урбанистичките планови, Општина Демир Хисар за 2023 година.
  5.  Предлози и прашања.

.

Бр.17-189/1                                                        Совет на Општина Демир Хисар

13.2.2023 година                                                             Претседател 

Демир Хисар                                                             Љупчо Најдовски, с.р.

Skip to content