Врз основа на член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) се донесува;
.
РЕШЕНИЕ
за свикување 18-та седница на Совет на Општина Демир Хисар
Седницата ќе се одржи на 26.12.2022 година (понеделник), со почеток во 11 часот
во салата за состаноци во Домот на пензионерите, Демир Хисар
.
За седницата го предлагам следниот:
.
.
ДНЕВЕН РЕД
.
- Донесување на Буџет на Општина Демир Хисар за 2023 година.
- Донесување на Одлука за извршување на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2023 година.
- Донесување на Одлуката за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2023 година.
- Донесување на Одлука за благајнички максимум на Општина Демир Хисар за 2023 година.
- Донесување на Одлука за времено финансирање на Општина Демир Хисар за 2023 година.
- Донесување на Буџетски календар на Општина Демир Хисар за 2023 година.
- Донесување на Програма за работа на Советот на Општина Демир Хисар за 2023 година.
- Предлози и прашања.
.
Бр.17-1541/1 Совет на Општина Демир Хисар
16.12.2022 година Претседател
Демир Хисар Љупчо Најдовски