Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ПРЕЗЕНТИРАНИ АКТИВНОСТИТЕ И РЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ

Изминатата недела во фоајето на Домот на културата, а во соработка со Граѓанска алијанса за прогресивни промени на локално ниво се одржа настан, каде што градоначалникот Најдовски, експлицитно говореше за досега сработеното по однос на имплементација на крупни проекти, спроведени активности и креирање на локални политики според потребите и приоритетите на граѓаните и целокупната заедница.

Најдовски истакна дека, со огромна посветеност и вложен труд и работа на тимот од општината и раководителите на сите локални институции и конструктивноста и разбирањето од страна на Советот, се испорачаа позитивни резултати и успешно менаџирање на општината во време на глобална економска криза.

– Јас очекувам, но и, со уверување тврдам дека, во периодот што следува дополнително ќе се потрудиме да се издвоиме од останатите преку капитални проекти што планираме да ги реализираме, бидејќи имаме амбиција, имаме способности, имаме капацитет ѝ, поважното од сè друго, имаме мотив и елан за работа и добри дела за новите генерации. Со силна заложба продолжуваме интензивно да работиме транспарентно, отчетно, одговорно и респонзивно – како услужен сервис на граѓаните, посочи Најдовски.

Транспарентноста за општината е императив и импулс плус за работа, а тоа го потврдува и докажува фактот што последователно, според последното истражување базирано врз релевантни податоци, кое го објави Центарот за граѓански комуникации, а се однесува на активна транспарентност за 2022 год., нашата општина се најде на високо 8. место, односно на 2. место во Пелагонискиот регион, всушност што се должи како резултат на посветената професионална работа, подобрување и зголемена кооперативност во извршувањето на службените обврски и задачи.

Skip to content