Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

КИНО ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМОТ „ВСЕЛЕНСКО МОМЧЕ“

– Детскиот Белгиски филм „Вселенско момче“, во режија на Оливие Перу, на 23. септември (петок), премиерно ќе се прикаже во Домот на културата „Илинден“, Демир Хисар, со почеток од 20 часот.

Филмот е добитник на низа награди на фестивали за филмови за млади меѓу кои и Европската награда за филм за деца и награда од детското жири на Интернационалниот филмски фестивал во Рига. Филмот ја освои и главната награда на Интернационалниот детски и младински фестивал во Бусан. Сценариото е на Еузебио Лареа и Оливие Перу.

Младиот протагонист во „Вселенско момче“ е 11-годишниот Џим кој е вљубеник во вселената и науката. Доселувајќи се во нов град со татко му, Џим треба да учествува на натпревар за млади научници со неговата нова соученичка Ема, чувствително и срамежливо девојче. И покрај нејзината неподготвеност, Џим ја убедува да го имитира проектот „Екселсиор“ на Китингер (првиот човек кој стигна до границата на вселената во 1960 година) и тајно да направи вистински воздушен балон. Овој талент го наследува од неговиот татко, Греам, астрофизичар кој треба да оди на вселенска мисија. Бидејќи мајката на Џим е почината, овој проект му е многу важен. Но, кога открива дека Греам се откажал без да му каже, неговиот свет се распаѓа. Натпреварот се претвора во опсесија и Џим сака да докаже дека нема да се откаже како неговиот татко. Џим ја турка Ема до нејзините граници и ја вовлекува во авантура која ќе ги зближи.
Дистрибутер на филмот е Катавеј, а дистрибуцијата на филмот е овозможена од потпрограмата МЕДИА Креативна Европа.

.

Влез: 100 ден. 

Skip to content