– УТВРДЕНА ПРИГОДНА СВЕЧЕНА ПРОГРАМА ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ
.
Почитувани,
.
Ве покануваме на традиционалниот Национален фестивал „Велигденски фолклорни средби”, а кој ќе се одржи на 17. април (понеделник) на градскиот плоштад во Демир Хисар со почеток во 11:00 часот.
Учесници на Фестивалот оваа година се КУД „Илинден” Демир Хисар, КУД „Бисери” од Охрид, КУД „Бисер” од Кичево и КУД „Илинден” од Битола.
Манифестацијата е во организација на Домот на културата „Илинден” Демир Хисар, а под генерално покровителство на Општина Демир Хисар и поддржана од Министерството за култура.