Заврши јавниот повик за прибирање на апликации за проекти за јавниот повик за капитални инвестиции на Владата за општините. 80 општини доставија 357 проекти со кој се решаваат конкретни проблеми на граѓаните.
Општина Демир Хисар аплицираше со 4 инфраструктурни проекти:
- Реконструкција на улица бр. 1 во с. Белче;
- Реконструкција на улица бр. 2 во с. Белче;
- Реконструкција на главна улица во с. Единаковци;
- Изградба на спортски комплекс со терен за баскет и тениско игралиште кај градскиот стадион во Демир Хисар.
Во рок од 10 дена, целосната проектна документација, од страна на општината, се доставува до ресорното министерство од областа на проектот, каде што ќе се врши евалуација на истиот.