ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ДНЕВЕН РЕД 41-ва седница на Совет на Општина Демир Хисар, 21.10.2024 ГОДИНА

Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа(,,Сл.весник на Р.М”бр.5/02 и Сл.весник на РСМ бр.202/24 ),член 60 од Статутот на Општина Демир Хисар(„Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19, 7/21 и 21/23 ), како и член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) донесувам:

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување на 41-ва седница на Совет на Општина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на ден 21.10.2024 година (понеделник) со почеток во  11 часот

во Салата за состаноци во Домот на пензионери Демир Хисар

-Усвојување на записиник од 40-та седница на Совет на Општина Демир Хисар

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

1. Донесување на Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Демир Хисар за 2024 година.

2. Информација од полициска станица од општа надлежност Демир Хисар по заклучокот донесен од Советот на општина Демир Хисар во врска со безбедноста во сообраќајот на подрачјето на општина Демир Хисар.

3. Донесување на Одлука за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена В 5.1 Црква „Св.Марина“ на КП.БР.1119 и КП.БР1120 м.в. „марена“ КО Велмевци Општина Демир Хисар.

4. Донесување на Одлука за измена и дополнување на Програмата за Урбанистички планови на општина Демир Хисар за 2024 година.

5. Донесување на Одлука за делегирање надлежност за зимско одржување на општинските патишта и улици за сезона 2024/2025 година.

6. Предлози и прашања

Ве молиме за задолжително присуство,а евентуално отсуство јавете се на телефоните 047-552-661 и 076-359-831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на Совет на телефон 077-937-362.

Бр.17- 990/1Совет на општина Демир Хисар
14.10.2024 годинаПретседател
Демир ХисарЉупчо Најдовски

       

Skip to content