ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Поради целосно исполнување на предвидените средства, јавниот повик за субвенционирање на клима-уреди се ПРЕКИНУВА! Ви благодариме за големиот интерес и довербата! Општина Демир Хисар и во периодот што следи ќе продолжи со реализација на мерки и програми во интерес на граѓаните. Списокот со субвенционирани граѓани ќе биде дополнително објавен.

ЦЕА и Општина Демир Хисар ја зајакнуваат соработката за транспарентни и отчетни климатски финансии

Центарот за економски анализи – ЦЕА и Општина Демир Хисар потпишуваат Меморандум за разбирање, со кој се воспоставува рамка за соработка во рамките на проектот „Зајакнување на интегритетот во климатските финансии: Транспарентни и отчетни климатски финансии за спречување на корупција“. Проектот се спроведува со финансиска поддршка на Европската Унија, во рамките на ИПА 2021 – […]

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР ВОДЕЧКА ИНСТИТУЦИЈА СПОРЕД АКТИВНАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ!

Како и во изминатите години и оваа година според мерењето на активната транспарентност на Центарот за граѓански комуникации, Општина Демир Хисар е на водечко место со 100 % активна транспарентност. Под „активна транспарентност“ се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие […]

С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање Јавен увид на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за изградба на градби за производство на електрична енергија од обновливи извори од сончева енергија со намена Е1.13 со капацитет до 1 MW и придружни објекти на КП бр.36 КО Стругово, Општина Демир Хисар

Синтезна карта од УП за ФВ Соопштение фотоволтаици

С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање Јавен увид наУРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНза изградба на градба со намена Е1.8- Инфраструктури за пренос на електрична енергија 10/20 KW среднонапонски кабелски вод на КП бр.2258, КП бр.2265, КП бр.2259 и КП бр.233/13, КО Стругово, Општина Демир Хисар

Синтезен УП за кабел Соопштение инфраструктура

Повик за граѓанско учество во креирање на буџетот на Општина Демир Хисар за 2026 година!

Почитувани граѓани, Општина Демир Хисар апелира за ваше активно вклучување во креирањето на локалните политики, планови и програми а секако најбитно креирање на буџетот за 2026 година. Ве потсетуваме дека меѓудругото може да ја користите интерактивната платформата за комуникацијата „МЗАЕДНИЦА“, на истата може да се регистрирате и преку примерот кој е опишан на фотографијата, да […]

Објавен е предлог буџетот на Општина Демир Хисар за 2026 година

Почитувани граѓани Ве известуваме дека предлог буџетот на Општина Демир Хисар за 2026 година е објавен на веб страницата на Општина Демир Хисар и е достапен на следниов линк :https://demirhisar.gov.mk/budhet-i-finansirane/budhetski-dokumenti/budhet/. Секој граѓанин може да даде свои сугестии и предлози во врска со предлог буџетот и пропратните документи преку директен контакт со општинската администрација, преку електронска […]

Предлог програми за работа на Општина Демир Хисар за 2026 година

Почитувани граѓани ве информираме дека предлог програмите за работа на Општина Демир Хисар се поставени на интернет страницата на општината и се достапни до секој заинтересиран да ги разгледа, даде свое видување и сугестија, преку директен контакт со општинската администрација, преку електронска пошта, преку платформата „Мзаедница“, Предлози на граѓаните“ и „Пријави проблем“ како и останатите […]

Распишување на избори во месните заедници

Градоначалникот на Општина Демир Хисар Никола Најдовски, донесе Одлука за распишување на избори во месните и урбаната заедница во Општина Демир Хисар. Поради унифицираност на постапката, изборните дејствија треба да се реализираат на 8 декември 2025 година (понеделник), а за времето и местото на одржувањето, граѓаните ќе бидат информирани од страна на претседателите на месните […]