Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Црква Свети Димитриј Жван

Во близина на селото Жван, покрај патот Битола – Кичево, е црквата посветена на Свети Димитриј, меѓу народот позната како „латинска црква“. Црквата е изградена и живописана 1624 година. Архитектонски претставува еднокорабна засводена градба со мали димензии. Внатрешноста крие траги од живопис работен од непознат, но особено талентиран зограф кој умеел да ги обликува формите, при тоа обојувајќи ги со успешни комбинации од неколку основни бои.

Skip to content