Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Дезинсекција комарци – Прва Фаза 2023 год.

И Н Ф О Р М А Ц И Ј А

ПРВА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА

ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на РМ, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Демир Хисар за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Демир Хисар како општа противепидемиска мерка се издава следново соопштение:

Ве известуваме дека на 31.05.2023 (среда) и 01.06.2023 (четврток) ќе се спроведува ПРВАТА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците.

Запрашувањето ќе започне од 21.00 часот.

Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му претходи друго возило означено со ротационо светло.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата но течението на реките и водотоците, застојни води и подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Демир Хисар, урбани населби и локалитети предвидени во планот на програмата.
Со оваа информација се известуваат и медиумите, здруженијата на пчеларите, здравствените институции и други институции.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047 208-100 и 047 208-120.

Skip to content