ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Дезинсекција комарци – Втора Фаза 22-23.7.2025 год.

И Н Ф О Р М А Ц И Ј А

ВТОРА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА

ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на РМ, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Демир Хисар за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Демир Хисар како општа противепидемиска мерка се издава следново соопштение:

Ве известуваме дека на 22.07.2025 (втроник) и 23.07.2025 (среда) ќе се спроведува ВТОРАТА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците.

Дезинсекцијата ќе се изведува теристички (од земја), во периодот од 19:00 до 02:00часот, со УЛВ ладно запрашување од возила опремени со соодветна апаратура.

Возилото ќе биде означено со ротационо светло, заради безбедност и препознатливост.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата но течението на реките и водотоците, застојни води и подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Демир Хисар, урбани населби и локалитети предвидени во планот на програмата.

Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHIRENE со активна супстанца DELTAMETRIN.


Со оваа информација се известуваат и медиумите, здруженијата на пчеларите, здравствените институции и други институции.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047 208-100 и 047 208-120.