Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Дневен ред, 29-та седница на Совет на Oпштина Демир Хисар

Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа(,,Сл.весник на Р.М”бр.5/02),член 60 од Статутот на Општина Демир Хисар („Сл. гласник на Општина Демир Хисар“ бр.3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19 и 7/21), како и член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) донесувам,

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување на 29-та седница на Совет на Oпштина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на ден  30.11.2023 година (четврток) со почеток во 15.00  часот во салата за состаноци во дом на пензионерите Демир Хисар

-Усвојување на записник од 28 -ма седница на Совет на општина Демир Хисар

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

  1. Разгледување на извештајот од оддржаната средба на градоначалникот со претседателите на месните заедници.
  2. Донесување на Одлука за утврдување на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Демир Хисар Општина Могила.
  3. Донесување на Решение за именување на членови во заедничката комисија за подготовка на предлог актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Демир Хисар и Општина Могила.
  4. Донесување на Одлука за утврдување на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Демир Хисар Општина Ресен.
  5. Донесување на Решение за именување на членови во заедничката комисија за подготовка на предлог актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Демир Хисар и Општина Ресен.
  6. Донесување на Одлука за продажба на објект во с.Зашле сопственост на општина Демир Хисар.
  7. Донесување на Одлука за продажба на објект во с.Вирово сопственост на општина Демир Хисар.
  8. Донесување на Одлука за давање на трајно користење на движни ствари-возила во сопственост на општина Демир Хисар, на ЈКП ,,Комуналец” од Демир Хисар.
  9. Донесување на Решение за разрешување и именување на членови во Училишен одбор на СОУ „Крсте П. Мисирков“ Демир Хисар.
  10. Усвојување на Финансиски извештај за ЈП „Дехи Транс“ Демир Хисар за период од 01.01.2023 до 30.09.2023 година.
  11. Разгледување на Програма за реализација на ученичка екскурзија за III одделение во ООУ “Гоце Делчев“ Демир Хисар за учебната 2023/2024 година.
  12. Разгледување на Програма за реализација на ученичка екскурзија за VI одделение во ООУ “Гоце Делчев“ Демир Хисар за учебната 2023/2024 година.
  13. Разгледување на Програма за реализација на ученичка екскурзија за IX одделение во ООУ “Гоце Делчев“ Демир Хисар за учебната 2023/2024 година.
  14. Предлози и прашања

Ве молиме за задолжително присуство, а за евентуално отсуство јавете се на телефоните 047-552-661 и 076-359-831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на Совет на телефон 077-937-362.

Бр.17- 1173/1                                          

23.11.2023 година                                                   

Совет на општина Демир Хисар

Претседател

Љупчо Најдовски с.р.

Skip to content