ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Дневен ред прва седница на совет, 05.11.2025 година

Врз основа на член 37 став 1 од Законот за локална самоуправа /”Сл.весник на РМ” бр.5/02 и Сл.весник на РСМ бр.202/24/, како и во согласност со член 58 став 1 од Статутот на општина Демир Хисар (,,Службен гласник на Општина Демир Хисар,, бр. 3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19, 7/21 и 21/23),

С В И К У В А М

Прва седница на новоизбраниот состав на Совет на општина Демир Хисар

Конститутивна седница

Седницата ќе се одржи на 05.11.2025 година ( среда) со почеток во 11.00  часот во Салата за состаноци во Домот на пензионерите Демир Хисар

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

            1.Избор на Верификациона комисија во состав од  претседател и двајца членови.

            2.Донесување на Решение за верификација на мандатите на новоизбраните советници на општина Демир Хисар со мандат 2025-2029 година.

            3.Избор на Кандидациона комисија за утврдување на кандидат за Претседател на Советот на општина Демир Хисар во состав претседател и четворица членови.

            4.Донесување Решение за избор на Претседател на Советот на општина Демир Хисар.

            5.Донесување на Решение за избор на Комисија за мандатни прашања, избор и имeнување во состав од  претседател и четворица членови.

            6. Донесување на Решение за овластување на членови на Совет кои ќе учествуваат во постапката за склучување на бракови.

            7.Предлози и прашања.

            Напомена:  Ве молиме задолжително да ги носите Уверенијата за избор на советник издадени од ОИК и документ за идентификација.

            Ве молиме за задолжително присуство, а за евентуално отсуство јавете се на телефините 047 552-661 и 076-359-831 во Општина Демир Хисар

Бр.17-1089/1Совет на општина Демир Хисар
31.10.2025 годинаПретседател,
Демир ХисарЉупчо Најдовски