Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа(,,Сл.весник на Р.М” бр.5/02 и Сл.весник на РСМ бр.202/24), член 60 од Статутот на Општина Демир Хисар(„Сл. гласник на Општина Демир Хисар“ бр.3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19, 7/21 и 21/23 ), како и член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Сл. гласник на Општина Демир Хисар“ бр.3/02) донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на 6-та седница на Совет на Општина Демир Хисар
Седницата ќе се одржи на ден 09.02.2026 година (понеделник) со почеток во 12 часот во Салата за состаноци во Домот на пензионери Демир Хисар
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Донесување на Одлука за давање согласност за измена на Годишен план за вработување за 2026 година на општина Демир Хисар.
- Донесување на Програма за контрола на популација на бездомни кучиња на територијата на Општина Демир Хисар за 2026 година.
- Усвојување на Извештај за работата на Одделение за внатрешни работи- Полициска станица од општа надележност Демир Хисар за 2025 година.
- Донесување на Решение за разрешување и именување на претседател на Комисија за проценка и утврдување на штети од природни непогоди и други несреќи.
- Предлози и прашања
Напомена: Седничкиот материјал по точка 4 Ви е доставен со материјалите од петтата седница. Ве молиме за задолжително присуство, а за евентуално отсуство јавете се на телефините 047 552-661 и 076 359 831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на Совет на телефон 075 387 723.
| Бр.17-131/1 | Совет на Општина Демир Хисар |
| 02.02.2026 година | Претседател |
| Демир Хисар | Никола Дранговски |




