Врз основа на член 68 став 5 од Статутот на Oпштина Демир Хисар (Службен гласник на Општина Демир Хисар бр. 3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19 и 7/21/, член 51 став 1 и 2 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар“ бр.3/02), на барање на градоначалникот на Општина Демир Хисар:
СВИКУВАМ
Седма седница на Совет на Општина Демир Хисар
Седницата ќе се одржи на 14.03.2022 година (понеделник) со почеток во 9 часот
во салата за состаноци во Домот на пензионерите, Демир Хисар
-Усвојување на записник од шеста седница на Совет на Општина Демир Хисар;
-Усвојување на записник од итна седница на Совет на Општина Демир Хисар одржана на 07.03.2022 година.
.
За седницата го предлагам следниот:
.
ДНЕВЕН РЕД
.
- Донесување на Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2022 година.
- Донесување на Завршна сметка на Буџетот на Општина Демир хисар за 2021 година.
- Донесување на Годишен извештај за реализација на Буџетот на Oпштина Демир Хисар за 2021 година.
- Донесување на Одлука за усвојување на извештајот за извршениот годишен попис на средства, побарувања и обврски во Oпштина Демир Хисар со состојба на ден 31.12.2021 година.
- Усвојување на Завршна сметка на ЈП „ДЕХИ ТРАНС“, Демир Хисар.
- Усвојување на Програмски извештај за работата на Дом на култура „Илинден“, Демир Хисар за 2021 година.
- Усвојување на Годишен извештај за реализација и преглед на исплатени средства по проекти и намени, како и спецификации на трошоците за плата и комунални услуги по месеци од блок-дотацијата за 2021 година на Дом на култура „Илинден“ Демир Хисар.
- Усвојување на План за работа на Дом на култура „Илинден“, Демир Хисар за 2022 година.
- Усвојување на Извештај за остварено право на паричен надомест за новородено дете во Општина Демир Хисар за 2021 година.
- Усвојување на Извештај за остварено право на паричен надомест за склучен брак во Општина Демир Хисар за 2021 година.
- Усвојување на Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Демир Хисар во областа на социјалната заштита во 2021 година.
- Усвојување на Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Демир Хисар во областа на спорт и млади за 2021 година.
- Усвојување на Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Демир Хисар во областа на здравствената заштита за 2021 година.
- Усвојување на Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Демир Хисар за поддршка на здруженија и фондации во 2021 година
- Усвојување на Извештај за реализација на Програмата за дезинсекција и дератизација во Општина Демир Хисар за 2021 година.
- Усвојување на Извештај за реализација на Програмата за јавно осветлување за 2021 година на подрачјето на Општина Демир Хисар.
- Донесување на Одлука за издавање деловен простор под закуп.
- Предлози и прашања.
.
Бр.17-298/1 Совет на Општина Демир Хисар
9.3.2022 година Претседавач,
Демир Хисар Љупчо Најдовски с.р.