Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа(,,Сл.весник на Р.М”бр.5/02 и Сл.весник на РСМ бр.202/24),член 60 од Статутот на Општина Демир Хисар(„Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19, 7/21 и 21/23 ), како и член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на 2–ра седница на Совет на Општина Демир Хисар
Седницата ќе се одржи на ден 14.11.2025 година (петок ) со почеток во 11 часот во Салата за состаноци во Домот на пензионери Демир Хисар
-Усвојување на записиник од прва констутутивна седница на Совет на Општина Демир Хисар
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Измени и дополнување на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2025 година.
- Усвојување на Квартален извештај за реализација на буџетот на општина Демир Хисар за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2025 до 30.09.2025 година
- Донесување на Решение за избор на претседател и 4 членови на Комисија за финансии и буџет.
- Донесување на Решение за избор на претседател и 4 членови на Комисија за јавни и комунални дејности.
- Донесување на Решение за избор на претседател и 4 членови на Комисија за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина.
- Донесување на Решение за избор на претседател и 4 членови на Комисија за општествени дејности.
- Донесување на Решение за избор на претседател и 4 членови на Комисија за месна самоуправа.
- Донесување на Решение за избор на претседател и 4 членови на Комисијата за одбележување на празници, манифестации и доделување признанија и награди.
- Донесување на Решение за избор на претседател и 4 членови на Статутарно правна комисија.
- Донесување на Одлука за формирање на Комисија за еднакви можности за жените и мажите.
- Предлози и прашања.
Ве молиме за задолжително присуство, а за евентуално отсуство јавете се на телефините 047 552-661 и 076 359 831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на Совет на телефон 075 387 723.
Бр.17- 1099/1 Совет на општина Демир Хисар
06. 11.2025 година Претседател,
Демир Хисар Никола Дранговски




