ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ПО ПОВОД МЕСЕЦ-ОКТОМВРИ ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА КАРЦИНОМ НА ДОЈКА

– јавна покана, одбележување на „Розов октомври“

Месец октомври низ целиот свет се одбележува како Месец на подигнување на свеста за женското здравје, со посебен акцент на превенцијата и раната детекција на ракот на дојка.

По тој повод, Општина Демир Хисар, во соработка со стручен медицински кадар од ЈЗУ Здравствен дом, Демир Хисар, Ве поканува да присуствувате на едукативно предавање на тема „Октомври – месец за подигнување на свеста за карцином на дојка“, кое се организира во рамките на Годишната програма на активности за еднакви можности на жените и мажите во Општина Демир Хисар за 2025 година.

Настанот има за цел да ја зголеми информираноста кај граѓанките и граѓаните за значењето на редовните прегледи, раното откривање и навременото лекување на ракот на дојка, преку стручно предавање, корисни совети и можност за поставување прашања до медицински лица.

📅 Датум: 15.10.2025 (среда)

🕓 Време: 13:00 часот

📍 Место: Фоаје при Дом на култура, Демир Хисар