ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Информација во врска со предстојната превентивна систематска дератизација на Општина Демир Хисар

Се информираат жителите на Општина Демир Хисар дека на ден 18. 05. 2023 год, екипи на Центарот за јавно здравје – Битола ќе спроведуваат активности на теренот во смисол на спроведување на пролетната прва фаза од превентивната систематска дератизација т. е. поставување на отровни мамци за уништување на глодари (глувци).


Со дератизацијата ке бидат опфатени: Дератизација на подземниот канализациски систем во Општина Демир Хисар и урбаните населби: Сопотница, Суводол, Кутретино, Слепче, Слоештица и Велмевци; Дератизација на прифатниот канализационен систем на инфестирани објекти од посебен јавен интерес:

– Детски градинки;

– Воспитно образовни институции;

– Здравствени установи;

– Останати објекти во градот и урбаните населени места од јавен интерес на локалната самоуправа;

Дератизацијата ќе се изведува со поставување на родентициди, парафински блокови (отровни мамци) во канализационите шахти. Екипите и активностите на теренот ќе бидат обележани и заштитени со знаци за предупредување. Со цел успешно спроведување на дератизација како и да се избегнат евентуалните несакани последици граѓаните треба да ги превземат следните мерки:

⊗граѓаните, а посебно учесниците во сообраќајот на екипите од Центарот за јавно здравје да им овозможат непречен пристап до шахтите;

⊗во текот на спроведување на дератизацијата да се оневозможи пристап на населението до местата каде е спроведен и означен дератизациониот процес;

⊗ строго се забранува контакт, преместување и отстранување на родентицидните мамци;

⊗ да се оневозможи контакт на домашните животни и миленици со родентицидните мамци;

⊗ граѓаните ѓубрето од своите домови да не го растураат вон контејнерите;

⊗доколку дојдат во контакт со мртви глодари да не ги фаќаат и фрлаат, туку да се јават во отсекот за ДДД во Центарот за јавно здравје Битола.

Доколку граѓаните не се придржуваат на горенаведените превентивни мерки Центар за јавно здравје Битола се оградува од секаква одговорност од појава на несакани последици. За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047 208-100, 047 208-120.

ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битолa

Skip to content