Во најновото издание, ноември, 2022 година, во бесплатниот весник за сегашни и идни пензионери „ПЕНЗИОНЕР“, а кое се издава еднаш месечно од страна на Сојуз на здруженијата на пензионерите во Македонија, публикувано е интервјуто со градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски, а спроведено од страна на дописникот за весникот и новинар, Зоран Стевановски.
Најдовски, конкретно се осврнува кон успешната соработка со Здружението на пензионери, Демир Хисар, каде што посебно апострофира, односно вели дека локалната самоуправа посветено и фокусирано работи кон создавање на подобри услови за живот и полесно остварување на потребите на пензионерите.
Исто така, Најдовски, истакна дека, континуирано и со голем интерес ги следи и поддржува активностите на Здружението, како врвен приоритет на соработката на овие две институции, првенствено е, грижата и негата за највозрасната категорија на граѓани.
Во понатамошниот дел од интервјуто на прашањето какви се идните планови и како ја гледа општината во наредните години, градоначалникот Најдовски, вели дека, неговата визија е Демир Хисар да стане подобро, привлечно, пристојно и достојно место за живеење за сите граѓани преку континуирано подобрување на квалитетот, безбедноста и стандардите на живеење на граѓаните, преку создавање услови за развој, современа инфраструктура и квалитетна животна средина.
За наредна година, како што посочи Најдовски, предвидено е реконструкција и асфалтирање на повеќе улици во градот и некои населени места, како и многу други проекти со кои Демир Хисар ќе стане подобро место за живеење.
На крајот, Најдовски ја потенцираше важноста на соработката со Здружението на пензионери и со уверување тврди дека, ќе продолжи интензивната соработка, со што и активно ќе се вклучат во работата на локалната самоуправа, со свои конкретни предлози, идеи и идејно – корисни решенија.
Целото интервју, интегрално можете да го прочитате на следниот линк – електронска верзија од месечникот „Пензионер Плус“ (16-та страница):