ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ИТНА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Врз основа на член 52 став 1 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) се донесува:
.
РЕШЕНИЕ
За свикување на ИТНА седница на Совет на Oпштина Демир Хисар
Седницата ќе се одржи на 07.03.2022 година (понеделник) со почеток во 10 часот во кабинетот на Градоначалникот на Oпштина Демир Хисар
.
ДНЕВЕН РЕД
.
Донесување на Одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства како сопствено учество за реализација на проектот „Изработка на проектна документација за канализациона мрежа со предтретман на отпадни води за с.Вардино, Општина Демир Хисар“.
Донесување на Одлука за давање согласност на намена на инвестиција и за обезбедени средства како сопствено учество за реализација на проект „Изградба на нова водоводна мрежа во с.Слепче, Општина Демир Хисар“.
Донесување на Одлука за одобрување на приоритетен проект „Изработка на техничка документација за изградба на мост на река Журешница“ во с.Журче, Општина Демир Хисар“.
Донесување на Одлука за одобрување на приоритетен проект „Изградба на канализациона мрежа со предтретман на отпадни води за с.Журче, Општина Демир Хисар“.
Предлози и прашања.
.
Бр.17-280/2 Совет на Општина Демир Хисар
4.3.2022 година Претседавач,
Демир Хисар Љупчо Најдовски с.р.

Skip to content