За прибирање на барања за распределба на средства од буџетот на Општина Демир Хисар за 2026 година, наменети за финансирање на програмски активности на Здруженија на граѓани и Фондации во областите од надлежност на општината.
Се повикуваат Здруженијата на граѓани и фондации од областите од надлежност на општината, своите барања за распределба на средства од Буџетот на Општина Демир Хисар за 2026 год. да ги достават до Општина Демир Хисар во предвидениот рок.
Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Демир Хисар за 2026 година, наменети за финансирање на програмските активности на Здруженијата на граѓани и Фондации од областите од надлежност на општината ќе се врши согласно Правилникот за утврдување на критериумите и постапката за доделување на средства на Здруженија на граѓани и Фондации од Буџетот на Општина Демир Хисар, (Службен гласник на Општина Демир Хисар бр.4/2018, 5/2018 и 2/2019 година).
Средствата се доделуваат еднократно.
Финансиска поддршка
Вкупниот износ на овој повик изнесува 170.000,00 денари
Максималниот изност за поддршка на секој избран проект изнесува до 30.000,00 МКД. За сите проекти задолжително е кофинансирање во износ од најмалку 10% од вкупната вредност на проектот.
Плаќањето на одобрените средства ќе се врши по склучување на договор.
Основни критериуми кои треба да ги исполнуваат учесниците на јавниот повик за добивање на средства се:
– Значењето на проектот за Општина Демир Хисар и регионот;
– Можноста за афирмација на Општина Демир Хисар;
– Временски период за реализација на проектот;
– Висината на обезбедени сретства од донатори или други извори;
– Успешно реализирани претходни проекти од областа за која се однесува предложениот проект.
Учесниците на јавниот повик кон пријавата треба да ја достават и следната документација:
1. Предлог-Проект во една (1)печатена форма оригинал и во електронска верзија на CD во word и pdf.
2. Решение за упис во Централниот регистар согласно Законот за здруженија на граѓани и
фондации;
3. Извештај за работа од претходната година;
4. Програма на активности за тековната година.
Временски рок за реализација на проектите
Краен рок за реализација на активностите од проектите и доставување на наративни и финансиски извешати е 30.11.2026 година.
Напомена
Здруженијата и Фондациите кои се јавуваат на Јавниот повик може да поднесат само една пријава за финансиска помош.
Пријавата треба да биде пополнета со печатни букви и на кирилско писмо, потпишана од застапникот на Здружението на граѓани или Фондација и заверена со печат.
Пријавата може да се превземе од интернет странaта на Општина Демир Хисар (www.demirhisar.gov.mk)
Пријавата со целокупната документација се доставува до Општина Демир Хисар на адреса “Битолска” бб, 7240 Демир Хисар преку пошта или преку архивата на Општина Демир Хисар.
На ковертот со пријавата и целокупната документација треба да има назнака – За јавен повик бр. 01/2026 за распределба на средства за финансирање на програмски активности на Здруженија на граѓани и фондации во областите од надлежност на општината.
Датум на објавување на јавниот повик: 23 февруари 2026 год.
Краен рок за доставување на пријавите: 23 март 2026 год. Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
Превземи:




