Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Изложба на ликовни дела од академик Владимир Георгиевски

,,Се црта со срцето ,а не со раката и моливот”

,,Низ силата на искрениот цртеж трепери светилник на мајчината утроба”

,,Цртежот е брат на музиката. Секоја линија е еден звук, еден глас, една нота. Ете зошто тој се раѓа во апсолутна тишина, еднаква по својата длабочина на вистинската музика”

Ова се дел од цитатите кои ги напишал нашиот познат уметник Владимир Георгиевски, еден од најзначајните македонски современи ликовни уметници.

Добитник на највисоката државна награда за животно остварување во областа на уметноста и културата во 2013г. Исто така наградуван и за разни други културни и уметнички настани.

Отворањето на изложбата се одржа на 14.11.2023 година во Фоајето на Домот на културата “Илинден” и неа ја отворија Јасминка Намичева – кустос советник архитект во Музеј на град Скопје и Фросина Георгиевска – ќерка на Владимир Георгиевски.

На отворањето присуствуваа и ученици од ООУ “Гоце Делчев” Демир Хисар заедно со наставничката по ликовна уметност Дијана Колонџоска.

Изложбата ќе биде отворена до 28.11.2023 година.

📸 Текст и фотографија: Даниел Станојовски

Skip to content