ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Јавен повик до евидентирани невработени лица

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Демир Хисар, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.06.2023 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Подобрување на социјалните услуги во Демир Хисар 2023-2024 година” за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Демир Хисар.

Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Skip to content